Папата Фрањо во аудиенција го прими ерменскиот премиер Никола Пашинјан, кој на папата му ја подари „Книга на оплакувањето“ на свети Григориј Нарекски. Светиот Отец возврати со уметничко дело наречено „Нежност и љубов“, на кое е претставен свети Фрањо од Асизи, симбол на мирот и почит кон човештвото и природата и слика на светот загрозен од загадување.
Папата Фрањо на 18 ноември 2024 година, во аудиенција го прими ерменскиот премиер Никол Пашинјан и неговата придружба. Доверливиот разговор, во библиотеката на Апостолската палата, траел половина час.
На крајот од разговорот следуваше традиционална размена на подароци. Премиерот на Папата му ја подари „Книгата на оплакувањето“ на свети Григориј Нарекски, христијански монах, теолог и мистик, кој е почитуван како светец од Ерменската апостолска црква и од Католичката црква. Книгата има рачно изработена корица во злато, дело на ерменски златари.
Папата Фрањо возврати со томови папски документи и порака за Светскиот ден на мирот 2024 година и уметничко дело од теракота наречено „Нежност и љубов“. Станува збор за скулптура која, од една страна, го прикажува ликот на свети Фрањо од Асизи, симбол на мирот и почит кон човекот и природата, а од другата страна, слика на светот загрозен од загадување. Направен е со техника на енгобе, која и дава на теракота мазна и полирана завршница, слична на кожа, засилена со восочна патина. Уметничкото дело ја изразува пораката за љубов и заштита на создавањето, вдахновена од зборовите на Папата во проповедта одржана на светата Литургија на почетокот на неговиот понтификат на 19 март 2013 година.
Ватикан њуз/к.мк