По молитвата Ангел Господов на празникот на Сите светци, 1 ноември 2024 година, папата Фрањо уште еднаш поттикна да се моли за сите народи кои се жртви на конфликти, од Украина, Мјанмар и Судан, преку Блискиот Исток: Палестина, Израел и Либан, споменувајќи ги 153 жени и деца кои беа масакрирани во Газа во изминатите денови. Тој ја изрази својата близина и со населението на Чад, погодено од поплави и терористички напад.
Војната е секогаш пораз, секогаш! И тоа е срамно, бидејќи тоа е триумф на лагите, невистините.
По молитвата Ангел Господов на празникот на Сите светци, папата Фрањо уште еднаш се осврна на конфликтите што ги мачат различни области во светот и уште еднаш поттикна да се молиме за напатената Украина, за Палестина, Израел, Либан, Мјанмар, Јужен Судан и за сите народи кои страдаат поради војните.
Страдањето на невините
Во позадината на овие конфликти – според зборовите на Папата – е максимален интерес за себе и максимална штета за противникот, газејќи така по човечките животи, животната средина, инфраструктурата, сè; и се е покриено со лаги. А невините страдаат! – додаде Папата и, како и на крајот од Генералната аудиенција во средата, ги спомена 153-те жени и деца масакрирани во Газа во изминатите денови.
Близина со луѓето во Чад
Светиот Отец ја изрази својата блискост и со населението на Чад, со сите погодени од поплавите, како и со семејствата на жртвите од тешкиот терористички напад извршен пред неколку дена. Притоа мислеше на десетици луѓе за чија смрт е обвинета локалната армија, која, наводно, по грешка убила десетици рибари во обид да ги нападне џихадистите на Боко Харам, откако 40 лица беа убиени во атентатот на таа терористичка група врз воена база во изминатите неколку дена.
Ватикан њуз/к.мк