Папата: Водата не треба да се искористува за пари, туку за да се напредува

Папата: Водата не треба да се искористува за пари, туку за да се напредува

Папата испрати порака до учесниците на настанот на високо ниво за делување за здравје на океанот насловен „Потопени во промени“, кој заврши во Костарика на 8 јуни 2028 година: да ја вреднуваме корисноста на секој воден ресурс во безбедноста на храната, климатските регулативи и борба против загадувањето за да и се врати драгоцената убавина

Медиумите го нарекуваат „сино злато“, за Папата е „скапоцен дар од Бога“, за дел од светот „валута за размена, причина за шпекулации, па дури и средство за изнуда“. Станува збор за водата, една од темите на учителството опфатена во енцикликата Laudato si“, како и во бројни други интервенции, на кои повторно се осврна папата Фрањо во својата порака упатена до учесниците на дводневниот „настан на високо ниво“ во врска со океаните“, насловена „Потопени во промени“, која заврши на 8 јуни во костариканскиот град Сан Хозе. Во својата порака тој предупреди дека кон главниот ресурс за живот не треба да се однесуваме без должна почит.

Навреда на заедничкиот ресурс

Водата – пишува Папата – е неопходна за човечкиот живот, без неа не може да има напредок, дури ни општествен напредок, а сепак – посочува тој – тажно е да се забележи дека ги искривуваме овие епитети преобразувајќи нешто корисно, како што е водата, во објект кој треба да се експлоатира. Го навредуваме она што го постигнува скромното и тивко работење за општото добро, оди дотаму што го третираме како роба или уште полошо, како оружје за уценување на некои луѓе.

Да се врати чистотата

Свети Фрањо зборува за водата како „чиста“ сестра, – потсетува Римскиот бискуп – па дури и Acqua Vergine која тече од Фонтаната Треви го должи своето име на една млада девојка од народот – се сеќава Папата – која храбро им го покажа на римските легионери. местото каде што е пронајден изворот на вода кој бил високо ценет по својата чистота. Така, водата им дава „вредност“ на „простите луѓе“, а сепак е изложена на опасност да биде повредена од злобата, себичноста и презирот кон другите.

Наследство кое треба да се зачува

Сликата на тој „убав римски извор“ – град кој, како што забележува папата Фрањо – е „потопен во концептуалниот океан на моќта на водата“ – нека ни помогне да бидеме свесни за тоа како целата наша цивилизација е потопена во океанот, и да сфатиме дека е потребна радикална промена за да се врати значењето на овие придавки на свети Фрањо – посака Папата.

На крајот тој упати апел да се валоризира водата за безбедност на храната, нејзиниот скромен придонес во регулирањето на климата и за борба против загадувањето со цел да се врати нејзината скапоцена убавина, оставајќи ја недопрена како наследство за идните генерации.

Ватикан нуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот