Папата воведе празници на светите Марта, Марија и Лазар, како и на црковните научители: Свети Григориј од Нарек, Свети Иван од Авила и Света Хилдегард од Бинген.
На 2 февруари 2021 година, папата Фрањо ги одобри декретите на Конгрегацијата за богослужби и светотаинска дисциплина со кои се воведуваат четири нови литургиски празници во Општиот римски календар. Задолжителен празник се воведува на светите Марта, Марија и Лазар, двете сестри и братот во чиј дом Исус во Витанија престојуваше. Празникот ќе се слави на 29 јули, а сите литургиски календари и книги ќе треба да бидат дополнети со молитви и соодветни текстови во спомен на овие светци.
Во Општиот римски календар папата Фрањо воведе и три незадолжителни празници посветени на црковните научители: Свети Григориј од Нарек, Свети Иван од Авила и Света Хилдегард од Бинген. Споменденот на свети Григориј од Нарек е на 27 февруари, на свети Иван од Авила на 10 мај и на света Хилдегард од Бинген на 17 септември
Ватикан њуз/к.мк