Утехата е Божји дар и служење на другите: никој не може себе да се утешува независно од другите, во спротивно ќе заврши гледајќи се во огледало – е пораката која Папата ја упати во својата проповед, на светата Литургија на 12 јуни 2017 година, во домот Света Марта.
Светиот Отец својата проповед ја започна со првото читање во кое осум пати, во 19 – те реда се зборува за утехата. За Папата тоа е можност да се размислува: што е тоа утеха на која се повикува свети Павле.
„Искуството утеха, кое е духовно искуство, секогаш е потребно на другиот, за да биде целосно: никој не може самиот себе да се утеши. А оној кој тоа се обидува да го направи, ќе заврши гледајќи се во огледалото; се обидува себе си да се залаже и да оди по таа појава. Се утешува со „затворени“ работи кои не му дозволуваат да расте, а воздухот кој го вдишува е „нарцисоиден“ и „само-односен“ (авто-референтен). Таа е „наводна утеха“ која не дозволува да растеме; а тоа и не е утеха, затоа што е „затворена“; ѝ недостасуваат другите“ – рече Папата.
Во Евангелието има многу луѓе кои се токму такви. Учители на Законот, „полни со самодоволност; богатиот кој живеел од гозба до гозба, мислејќи дека така ќе се утеши и слично. Но, за подобро да го изразиме таквиот животен став, ја имаме фарисејската молитва, кој пред олтарот говори: Ти благодарам што не сум како другиот. „Тој се гледал во огледало,“ „ја гледал својата душа заведен од идологиите и му благодари на Господ.“ Исус ни укажува на оваа можност; имено некој да биде човек, со таков начин на живот, „никогаш нема да дојде до полнотата; во најдобра рака: ќе дојде до „надуеност“, односно горделивост“ – рече Светиот Отец.
Па, утехата за да биде вистинска, треба да го вклучува другиот. Пред сѐ, таа се прима, затоа што „Бог е Оној Кој теши“, кој го дава тој „дар утеха“. Тогаш вистинската утеха „созрева“ во тој „другиот“, во тешењето на другите. „Утехата е преодна состојба од примениот дар во подареното служење“ – смета Папата. „Вистинската утеха има ваква двојност: и дар и служење!
Така ако дозволам Господовата утеха да влезе како дар, тоа е затоа што таа утеха ми е потребна. Во потреба сум. Да се утешам, потребно е да признаам дека сум во потреба. Дури тогаш Господ доаѓа, нѐ теши и ни дава задача и послание да ги тешиме другите. Не е лесно да се има отворено срце за примање на дарот и потоа да се служи; но тие се две работи кои ги овозможува утехата“ – рече папата Фрањо.
Треба да се биде со отворени срца, а за тоа е потребно „среќно срце.“ И токму денешното Евангелие за блаженствата вели: „кои се среќни, а кои благословени:“ „сиромашните, срцата отворени за сиромаштво на духот. Оние кои знаат да плачат, кротките – кроткоста на срцето; оние кои гладуваат за правда, се борат за правда; оние кои се милосрдни, кои се милосрдни во средбата со другите; оние кои се со чисти срца; потоа миротворците и прогонетите заради правда, заради љубовта кон праведноста. Срцето така се отвора и Господ доаѓа со дарот на утеха и со посланието да се тешат другите“ – рече Папата.
Оние пак кои се „затворени“ и се чувствуваат „во духот богати, самодоволни;“ кои не плачат, затоа што се чувствуваат праведници;“ насилниците кои не ја познаваат кроткоста; неправедниците кои прават неправда; немилосрдните кои никогаш немаат потреба да простат, затоа што не чувствуваат потреба да им се прости на нив; оние со „валкани срца“; „зачетниците на војните,“ а не на мирот; и оние кои никогаш не критикуваат или прогонуваат, затоа што неправдата нанесена од другите ништо не им значи. „Тие имаат затворено срце“ и не се среќни, затоа што не можат да го примат дарот утеха, за потоа да го подарат на другите.
Во заклучокот на проповедта, папата Фрањо повикува да се запрашаме какво е нашето срце; дали е отворено и способно да моли за дарот утеха за другите, а потоа да го подаде на другите како Господов дар. Потребно е да се враќаме во текот на денот на тие мисли, и да му благодариме на Бог кој „секогаш настојува да нѐ теши.“ „Само едно од нас бара: вратата на срцето да биде отворена; барем малку,“ за Тој подоцна да може да се погрижи да влезе – рече на крајот од својата проповед Светиот Отец.
РВ/к.мк