Папата: Бог нè љуби како татко и мајка

Папата: Бог нè љуби како татко и мајка

Господ е верен, нè не заборава! Тој факт ни дава сила радосно да воскликнуваме во надежта – рече папата Фрањо во својата проповед, на светата Литургија на 22 март 2018 година, во домот Света Марта.

Пред самиот почетокот на Страсната седмица, Црквата нè поттикува на размислување за верната Божја љубов. Господ никогаш не го заборавил својот сојуз, вели псалмот и првото читање од Книгата Битие зборува за сојузот на Бог и Авраам. Тоа е сојузот кој ќе продолжи во историјата на народот, и покрај гревовите и идолопоклонството.

Всушност Господ има длабока внатрешна љубов која не заборава. За да можеме да ја разбереме, Папата потсети дека во Аргентина на денот на мајките, на мајките им се подарува цвет кој се нарекува „не ме заборавај“, а има две бои: нежно сина за живите и пурпурна за покојните мајки.

Божјата љубов е како онаа мајчинската. Бог никогаш нè не заборава – нагласи Светиот Отец и продолжи: Не може, верен е на својот сојуз и тоа ни дава сигурност. Некој би можел да каже: „Но нашиот живот е толку грд…, во тешкотии сме грешници…“ Бог нè не заборава, затоа што длабоко во својата внатрешност нè љуби затоа што е татко и мајка.

Се работи за верност која води во радост – рече папата Фрањо и додаде: Како и кај Авраам, нашата радост е да воскликнеме во надежта, затоа што секој од нас знае дека не е верен, но Бог е верен. Тој Кој е верен не може да се негира себе, нас, својата љубов, својот народ; не може сето тоа да го негира, затоа што нè љуби. Тоа е Божјата верност. Кога пристапувате на светата Тајна Исповед, немојте да мислите дека одите на хемиско чистење, туку дека одите во прекртката на Бог Кој е верен и Кој секогаш нè чека.

Осврнувајќи се на Евангелието од денешната Литургија во кое се вели дека книжниците земале камења за да го каменуваат Исус, Папата истакна дека тие се камења кои убиваат за да се сокрие вистината за воскресението. Бог е верен, Он нè познава и љуби и никогаш нема да не остави сами. Нè води за рака. Што можеме да посакаме повеќе од тоа? Што мораме да правиме? – праша Светиот Отец и на крајот одговори: Мораме радосно да се радуваме во надежта, затоа што Господ нè љуби како татко и мајка.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот