Можеме да веруваме дека сме добри католици, но не и да се однесуваме како добри христијани. Вистинскиот христијански стил на живот е оној кој упатува на Блаженствата. Тоа го рече папата Фрањо во проповедта на светата Миса во Домот Света Марта на 21 јануари 2019 година, коментирајќи го изразот од Евангелието според Матеј: „Ново вино во нови мевови“.
Евангелието, Словото Господово, ‘новото вино’, кое ни е дарувано, но за да бидеме добри христијани потребно е ново однесување, нов стил и тоа христијански, на кој можат да нѐ упатат само Блаженствата. Тоа е значењето на основните мисли со кои завршува делот од Евангелието според Марко од денешната Литургија: ‘ново вино во нови мевови’, а од тие зборови Светиот Отец ја градеше проповедта
Не е христијанско живеење да се обвинуваат другите
За да би сфатиле што е христијански стил можеби би било подобро да ги разбереме нашите однесувања, кои не се со христијански стил – рече Папата и наведе три од нив: обвинувачки стил, монденски стил и егоистички стил. Обвинувачки стил е стил на оние верници кои секогаш настојуваат да ги обвинат другите, живеат обвинувајќи (…) и секогаш ги оцрнуваат другите. Би кажал дека тоа е стил на промашени промовирачи на правда, секогаш настојуваат да ги обвинат другите. Но не забележуваат дека тоа е ѓаволски стил. Во Библијата, имено ѓаволот се нарекува „гоелм тужител“, кој секогаш ги обвинува другите.
Тоа е мода и меѓу нас – забележа Папата – а било мода и во Исусовото време. Повеќе пати ги укорува обвинувачите велејќи: „Наместо да ја гледаш раската во другиот, погледни ја гредата во своето око“ или пак „Први нека фрлат камен оние кои се без грев’. Значи – објасни Светиот Отец – да се живее обинувајќи ги другите и барајќи ги нивните недостатоци не е христијански, тоа не се новите мевови.
Световноста уништува многу луѓе
Истото важи и за стилот на живот кој Папата го нарекува ‘световен’, односно ‘од светот’ кој е својствен и за католиците кои го молат Символот на верата, но живеат испразно, арогантно, приврзани на парите и верувајќи дека се самодоволни. Господ ти понуди ново вино, но не си ги сменил мевовите. Световноста е она што уништува многу луѓе! – истакна Папата и додаде: Тоа се добри луѓе, но влегуваат во тој дух на суета, арогантност, желба да се покажат. Нема понизност, а понизноста е дел од христијанкиот стил. Тоа мора да го научиме од Исус, од Богородица, од свети Јосиф, од оние кои биле понизни.
Рамнодушноста не е карактеристика на христијаните
Постои уште еден стил кој – како што истакна папата Фрањо – се гледа во нашите заедници, но не е христијански; тоа е духот на самољубието, духот на рамнодушноста. Се сметам за добар католик – објасни Папата – но не се занимавам со проблемите на другите луѓе; не ме загрижуваат војните, болестите, луѓето кои страдаат… па ниту мојот ближен… Тоа е измама заради која Исус им приговарал на закониците. Каков е тогаш вистинскиот христијански стил?
Христијанскиот стил е стилот на блаженствата: кроткост, понизност, трпеливост во стрдањата, љубов кон праведноста, способност за поднесување на прогонство, неосудување на другите. Тоа е христијански дух, христијански стил – истакна Папата. Ако сакаш да знаеш каков е христијанскиот стил и да не паднеш во обвинувачкиот, светскиот или егоистичниот стил, читај ги блаженствата. Тоа е нашиот стил; Блаженствата се новите мевови, патот за постигнување на целта. Кој сака да биде добар христијанин треба да биде способен од срце да го моли Символот на верата, но исто така да го моли со срце Оче наш – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк