Папата: Бидете блиски со оние кои страдаат

Папата: Бидете блиски со оние кои страдаат

Папата Фрањо ги прими во аудиенција волонтерите и бездомниците од групата Begegnung im Zentrum во Виена и истакна дека помош е и едноставната насмевка, гестот на пријателство, братскиот поглед, искреното слушање, несебичното служење.

Папата Фрањо на 8 ноември 2024 година, во Ватикан ги прими членовите на групата „Средба во Центарот“ од Виена. Заблагодарувајќи им се за доаѓањето, тој ги потсети дека вообичаено се среќаваат во Палатата на виенскиот надбискуп и побара од нив да ги пренесат неговите поздрави  до кардиналот Шенборн.

„Доаѓате од многу различни земји, припаѓате на различни верски деноминации и секој од вас имал свои животни искуства, понекогаш дури и сериозни несреќи. Но, едно нешто нè обединува сите: ние сме браќа и сестри, ние сме деца на еден Отец. Тоа нè обединува сите“, истакна Светиот Отец.

Тој додаде дека го радува фактот „што оваа реалност станува конкретна во вашата заедница, кога меѓусебно си помагате и споделувате што секој може да понуди на вашите средби“. Како што рече, „не е точно дека едни даваат, а други само добиваат: сите ние сме даватели и примачи, сите сме си потребни еден на друг и сите сме повикани да се збогатиме. Да се потсетиме дека тоа не се случува само преку материјални подароци, туку и преку насмевката, гестот на пријателство, братски поглед, искрено слушање и несебично служење“, го заврши своето обраќање Светиот Отец пред членовите на групата „Средбата во Центарот“ со зборовите од Булата за Јубилејот „Spes non confundit“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот