Без силата на Светиот Дух не можеме ништо да направиме: Духот е тој кој ни дава сила за да одиме напред – истакна папата Фрањо за време на Генералната аудиенција која се одржа на плоштадот Свети Петар на 24 мај 2018 година пред околу 15 илјади верници.
Откако минатата среда ја заврши серијата катехези за светата Тајна Крштение, ова среда започна нова серија катехези за светата Тајна Миропомазаниe. Првата катехеза ја наслови: „Христијанско сведоштво.“
Вие сте солта на земјата, вие сте светлина на светот!
Напомена дека Исус на своите ученици им довери големо послание: „Вие сте солта на земјата. Вие сте светлината на светот“ (Матеј 5, 13-16). Станува збор за две слики кои укажуваат на нашето однесување. Имено, недостатокот или вишокот на сол ја прави храната одвратна, како што вишокот или недостатокот на светлина ни пречи да гледаме. Само Христовиот Дух може да ни ја даде солта која дава вкус и чува од расипување и светлоста која го расветлува светот – истакна Светиот Отец.
Толкување на називот на светата Тајна
Папата потоа го објасни значењето на името на таа света Тајна, Потврда истовремно ја истакнува потврдата на светата Тајна Крштение, со што се довршува христијанската иницијација, и зацврстување на крштелните благодати (ККЦ 1289). Оваа светата Тајна се нарекува и миропомазание затоа што стануваме помазани со миризлив елеј, а тоа помазување го толкува и називот „христијанин“ односно „помазаник“ изведен од името на самиот Христос, Кој „Бог го помазал со Духот Свети.“
Без твоето Божество, човекот е без ништо
Светиот Отец потоа напомена дека христијанинот кој е повторно роден во бањата на крштевањето му е потребна таа потврда за навистина да може да живее како дете Божјо во светот и да сведочи за Христос. Тоа е она што го дава помазувањето на Светиот Дух: „Без твоето Божество, човекот е без ништо“ (последици на Духови). Без силата на Светиот Дух не можеме ништо да направиме: Духот е тој кој ни дава сила за да одиме напред – предупреди папата Фрањо и продолжи: Како што целиот Исусов живот бил исполнет со Духот така и животот на Црквата и на секој нејзин член е под водството на истиот Дух.
Христовата лична карта
Зачнат преку Светиот Дух, роден од Дева Марија, Исус го започнува своето послание откако излезе од водата на Јордан, посветен е од Духот кој слегнува на Него и останува на Него – рече Папата додавајќи дека тоа Исус изрично го прогласува во назаретската синагога: „Духот Господов е врз Мене; затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните.“ (Лука 4, 18) Исус се претставува во синагогата како помазаник, како оној кој е помазан од Духот – рече Светиот Отец.
Црквата го примила Духот за да го навестува Еванеглието
Исус е полн со Светиот Дух и е извор на Духот кој е ветување од Отецот. Всушност на воскресната вечер Господ дувнал во своите ученици и им рекол: „Примете Дух Свети!“ (Иван 20, 22); и на Педесетница на апостолите слегнува силата на Духот во извореден облик – рече папата Фрањо и продолжи: „Здивот“ на Воскреснатиот Христос ги исполнува белите дробови на Црквата со живот. И навистина устите на учениците исполнети со Светиот Дух се отвораат за да се навестат големите Божји дела.
Потоа потсети дека минатата недела го прославивме празникот Педесетница или Духови. Како што Христос бил помазан со Духот на реката Јордан така и Црквата на Педесетница го примила Духот за да го оствари своето послание за навестување на Евангелието до крајот на светот – рече Папата и потоа објасни дека во светата Тајна Миропомазание Исус нѐ исполнува со Духот и нѐ прави учесници во својот живот и послание во согласност со Божјиот спасителен план. Нека таа света Тајна нѐ потврди за да бидеме послушни на поттикнувањата на Светиот Дух, додека настојуваме во сите свои дела и зборови во полнота да живееме нов живот примен на Крштението и да го промовираме посланието на Црквата во светот – заврши Светиот Отец.
РВ/к.мк