Папата: Ако вашиот пост не им помага на другите, не е доследен

Папата: Ако вашиот пост не им помага на другите, не е доследен

Постете доследно, не за да се покажете пред другите презирајќи ги или во кавги и расправии – повика папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта, на 16 февруари 2018 година.

Тој поттикна да се запрашаме како се однесуваме кон другите? Токму првото читање од денешната Литургија од Книгата на пророкот Исаија истакнува каков треба да биде постот кој Господ го сака: „Раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем -“ повтори Папата.

Постот е една од задачите за време на Великиот пост – потсети Светиот Отец и продолжи: Ако не можете строго да постите, да почувствувате глад до коските, постете понизно, но вистински. Пророкот Исаија истакнува многу противречности во пракса: не може да бидете зафатени само со сопствените работи и со парите, затоа што постот е откажување; не можете да ги мачите работниците и да му благодарите на Господ дека можете да постите. Меѓутоа, покора треба да правите со мир во душата; не може од една страна да разговарате со Бог, а од друга да разговарате со ѓаволот, затоа што тоа е недоследно.

Не постете повеќе, како што правите денес, така што да се слушне во висините вашиот глас, односно истакнувајќи: ние постиме, ние сме католици, тоа е наша пракса; ние му припаѓаме на тоа здружение, ние постоиме секогаш, правиме покора… Постете исправно или правете покора на недоследен начин како што вели Господ бучно, за сите да ве видат и велат: „Гледај каков праведник, таа е праведна жена…“ Тоа е измама и значи маскирана добродетел – рече папата Фрањо.

Мораме да се маскираме, но сериозно со насмевка, така што да не видат дека правиме покора. Постете за да им помогнете на другите, но секогаш со насмевка – поттикна Папата и додаде: Постот се состои и од понижувањето, а тоа се остварува мислејќи на сопствените гревови и молејќи од Господ простување. Но, ако се дознае за тој грев кој сум го направил, ако стигне до весниците, каков срам би било тоа! Срамете се од таквото размислување – рече Светиот Отец и повика на отфрлање на неправедните окови.

Постот кој Господ го сака, како што вели првото читање од Литургијата значи да се раздели лебот свој со гладните, сиромаси одведи ги во домот свој; ако видиш гол, – облечи го, и од еднокрвниот не се криј. Денес се расправа за тоа дали да дадеме кров на оние кои го бараат или не – рече Светиот Отец и поттикна Правете покора во текот на Великиот пост така што да почувствувате глад; повеќе молете и прашувајте се како се однесувате кон другите? Му помага ли вашиот пост на другите? Ако не помага, не е доследен и ве води на двоен пат. Глумиме дека сме христијани, праведници… како фарисеите и садукеите. Но внатре тоа не сме. Барајте ја понизно милоста на доследност. Ако не можете нешто да направите, не го правете – нагласи папата Фрањо и заврши – Не ги правете работите недоследно. Правете го само она што можете да го направите, но доследно христијански.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот