Панама го избра местото за средбата на млади

Панама го избра местото за средбата на млади

Прекрасното Cinta Costera Uno ќе биде местото каде ќе се сретнат младите на завршните настани на Светскиот ден на млади: ноќното молитвено бдение и завршната Литургија. Следниот Светски ден на млади ќе се одржи во Панама од 22 до 27 јануари 2019 година.

Веста за изборот на прекрасното крајбрежје на Панама беше објавена на 20 јули 2017 година за време на прес-конференција на архиепископот на градот монс. Хозе Доминго Улоа Мендиета. Местото е избрано по деталните консултации и по посетата на ватиканската жандармерија. За време на консултациите е истакнато дека меѓу предложените локации Cinta Costera е местото кое е најслично со останатите места кој досега го примиле Папата за Светскиот ден млади, истовремено гарантирајќи ја безбедноста на Светиот Отец. По ова, организаторите на настанот ќе може да ги запази и критериумите на еколошка одржливост и умереност, кои се посакувани критериуми од Папата.

Локалниот организациски комитет се подготвува да пречека на Cinta Costera околу 375.000 млади. Приоритет ќе биде даден на пријавените млади, а дополнителни места ќе бидат обезбедени внатре и надвор од Cinta Costera.

Cinta Costera e една од најновите крајбрежни зони во Панама, која се протега од Стариот град и стигнува дури до Панама Виехо, стариот град кој во 1671 година бил уништен од пиратите. Овие 4 километри изобилуваат со патеки за пешаци и велосипедисти, спортски терени, места за рекреација и улични продавачи.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот