Папскиот апартман во Апостолската палата повторно е отворен по молитвата Царице неебсна, во недела 11 мај 2025 година во присуство на кардиналот Камерленго, кардинал Фарел; државниот секретар, кардинал Паролин; заменикот, надбискупот Пења Пара; секретарот за односи со државите, надбискупот Галагер; и управителот на Папскиот дом, надбискупот Сапиенца.
По завршувањето на молитвата „Царице неебсна“ од ложата на базиликата Свети Петар папата Лав XIV го отвори папскиот апартман на Апостолската палата со отстранување на печатите што беа поставени во попладневните часови на 21 април по смртта на папата Фрањо.
Отворањеето се одржа во присуство на Камерленго, кардиналот Кевин Џозеф Фарел; државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин; заменикот за општи работи, надбискупот Пења Пара; секретарот за односи со државите и меѓународните организации, надбискупот Пол Ричард Галагер; и управителот на Папскиот дом, надбискупот Леонардо Сапиенца.
Ватикан њуз/к.мк