Отворена интернет страница посветена на Синодата за млади

Отворена интернет страница посветена на Синодата за млади

Генералниот секретаријат на Епископската синода најави отворање интернет страница за подготовка на редовното генерално соборание, кое ќе се одржи во октомоври 2018 гдоина на тема: „Млади, вера и расудување“. Интернет страницата ќе биде достапна од 14 јуни, на следната адреса: youth.synod2018.va.

Оваа интернет страница ќе овозможи промоција за поголемо учество на сите млади во светот и тоа не само за информирање за настанот, туку и за соработка и учество во подготовката – се истакнува од соопштението на Генералниот секретаријат на Синодата. Во соопштението исто така се нагалсува дека споменатата интернет страница ќе има и онлине прашалник за младите на повеќе јазици (италијански, англиски, француски, шпански и португалски). Одговорите ќе треба да бидат доставени до Генералниот секретаријат до 30 ноември оваа година. Тие одговори ќе бидат многу корисни за подготовка на синодата, и се дел од опширното советување кое Генералниот секретаријат го прави на разни нивоа кај Божјиот народ – се истакнува на крајот од соопштението.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот