Основана Висока комисија за спроведување на Декларацијата за човечко братство за мир во светот
Откако на 4 февруари во Абу Даби папата Фрањо и големиот имам Ал – Тајеб го потпишаа документот за братство во Обединетите Арапски Емирати во понеделник 19 август беше формирaна Висока комисија која би требало да помогне во остварувањето на неговите цели.
Според зборовите на престолонаследник на Абу Даби Мухамед бин Зајед ал Нахјан, со формирањето на оваа комисија сака да се помогне во заедничките иницијативи за промовирање на толеранцијата, соработка и соживотот. Обединетите Арапски Емирати ги поддржуваат сите напори кои водат до мир и ги шират во светот принципите на братство и мирен соживот, истакна престолонаследникот.
Комисијата ќе ги следи активностите на регионално и меѓународно ниво за спроведување на заклучоците од декларацијата, ќе организира средби на верските поглавари, раководители на меѓународни организации и други за да гарантират и промовират ширење на идеите на основите на овој историски документ. Заради меѓусебно почитување и соживот, Комисијата ќе ги повика законодавците да ја спроведат Декларацијата и во правните документи во нивната земја. Исто така ќе управува со „Семејната куќа на Абвраам“ која е основана во спомен на посетата на папата Фрањо од шеикот бин Зајед.
Во моментов членови на високата комисија се, бискупот Мигел Анхел Ајузо Гвиксот, претседателот на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, професор д-р Мохамед Хисеин, претседател на универзитетот Ал – Азхар, папскиот личен секретар коптски свештеник Јаанис Лахзи Гаид; Судијата Мохамед Махмуд Абдел Салам, советник на големиот Имам на Мохамед Калиф ал Мубарак, на чело на одделот за култура и туризам во Абу Даби, султанот Фаисал ал Румаити, генералниот секретар на муслиманскиот совет на старешините и познатиот писател од емиратите Јасер Хареб Ал Мухаири.
Ватикан њуз/к.мк