Бројот на гладни луѓе во светот се зголемува: во 2017 година, нивниот број достигнал 821 милион или еден на секој деветти човек, што значи враќање на нивото од пред десет години.
Ова е наведено во извештајот на ООН „Состојбата на безбедност на храна и исхраната во светот”, презентиран во Рим од страна на агенциите на ООН, ФАО, ИФАД, УНИЦЕФ и СЗО.
Во извештајот се наведува дека речиси 151 милион деца помали од 5 години или 22% од светското население страда од неисхранетост. На тој начин 51 милион деца се изложени на поголем ризик од болести и смртност.
Меѓу главните причини за зголемувањето на гладот се истакнуваат климатските промени кои се карактеризираат со екстремни климатски настани и забавување на економскиот раст. Според извештајот, климатските промени се закануваат на производството на храната во некои региони кои имаат потреба од специфична интервенција поради зголемувањето на температурата.
За искоренувањето на гладот се потребни итни мерки до 2030 година за постигнување на целите за одржлив развој на нулта сиромаштија. Тоа вклучува конкретни и одржливи акции за подобрување на безбедноста на храната и да се обебзеди сигурност на населението од климатските промени
Извештајот, исто така, нагласува дека тешкотии во пристапот до исхраната придонесува за зголемениот проблем со дебелината во светот, при што еден на секој осми возрасен човек – повеќе од 672 милиони – се класифицирани како дебели. Тој феномен главно се забележува во Северна Америка, но исто така и во Африка и Азија. Дебелите деца на возраст под 5 години се 38 милиони, на првите места на таа листа се Африка и Азија односно со 25% и 46%.
Ватикан њуз/к.мк