Заврши Октомвриската побожност во Нова Маала и Чанаклија

Заврши Октомвриската побожност во Нова Маала и Чанаклија

На 31 октомври, во предвечерните часови, во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала и во филијалната црква „Свети Георги Великомаченик“ во Чанаклија со молење на Света Бројаница беше заокружен циклусот од секојдневната Маријанска побожност во месец Октомври.

6664-1

На овогодинашната Маријанска побожност, главни предводители во молењето на Светата Бројаница беа учениците во присуство на нивните родители и сите луѓе со добра волја, така што во одреден ден Светата Бројаница ја предводеа ученици од одредена класна паралелка.

Ноќта на 14 Октомври до утрото на 15 Октомври во црквата во Нова Маала имаше целоноќно бдеење молејќи Света Бројаница, а на 18 Октомври пред статуата на „Мајка на Мирот“ децата молејќи Света Бројаница се приклучија на меѓународната иницијатива „Милион деца молат за мир“.

На завршниот ден од Октомвриската Побожност, 31 Октомври, се совпаѓа и двегодишниот спомен од смртта на о. Јоаким Дудаш, поранешен парох во Нова Маала и Чанаклија и по Светата Бројаница се служеше света Литургија со Панахида за покој на неговата душа.

к.мк/З.А.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот