Од проповедта на Папата: Евангелието не е теологија на благосостојба
„Во сиромаштво“ Црквата треба да го навестува Евангелието, а кој го навестува не смее да ја заборави главната цел – да ја ублажи бедата на најсиромашните – ниту со умот да заборави дека таа служба е дело на Светиот Дух, а не на човечките напори, тоа беше рамката на проповедта на Папата на светата Литургија на 5 февруари во капелата на домот Света Марта.
Да оздравуваш, да подигнуваш, да ослободуваш, да ги изгонуваш демоните, а потоа скромно да признаеш: бев само обичен „работник за Царството“. Така треба да прави и за себе да зборува Христовиот службеник кога негува многу ранети по ходниците на Црквата, „полската болница“ – рече Папата вдахнувајќи се од делот од литургиското Евангелие кое зборува како Исус ги испраќа учениците да го навестуваат Евангелието, лекувајте болни и изгонувајте ги „нечистите духови.“
Папата посебно се осврна на Исусовите упатства како учениците треба да се однесуваат во народот: едноставни луѓе – не носете „ни леб, ни торба, ни пари во појасот“, им вели – бидејќи Евангелието „треба да го навестувате во сиромаштво“, бидејќи „спасението не е теологија за благосостојба.“ Само е спасение и ништо друго, навестување на угнетените ослободување со „радосната вест“ – рече Папата додавајќи:
Тоа е посланието на Црквата: Црква која оздравува и негува. Некогаш зборував за Црквата како за полска болница. Вистина е: колку има ранети во Црквата? На колку треба да им ги лекуваме раните? Ова е посланието на Црквата: да ги лекуваме раните на срцето, да отвораме врата, да ослободуваме, да навестуваме дека Бог е добар, дека простува, дека е Отец, дека е нежен, дека секогаш нè чека… – нагласи Светиот Отец.
Оддалечувањето од суштината на навестувањето може да доведе до нарушување на црковното послание, напорот вложен во олеснување на разни облици на беда да биде без најважното, а тоа е навестувањето на Христос на сиромашните, на слепите и слабите. Вистина е дека треба да прифатиме помош и да основаме добротворни организации, бидејќи Господ и за тоа ни дал дарови. Но, ако го заборавиме основното послание, ако го заборавиме сиромаштвото, ако го заборавиме апостолскиот жар и се надеваме на материјаните средства тогаш Црквата постепено се претвора во убава невладина организација, станува моќна но не и евангелска, бидејќи и недостасува духот, сиромаштвото и оздравувачката сила – рече Папата.
Учениците радосни се враќаат по проповедањето, а Папата потсети дека Исус ги одвел малку да се одморат; не им кажал дека се големи, подобро да се подготват за следното излегување. Им кажал: Кога сте направиле сè што требало, самите на себе кажете си: „слуги сме бескорисни.“ Тоа е апостол. А која е најдобрата пофалба за апостолот? Бил работник за Царството. Таа е за него најголемата пофалба бидејќи на патот на навестувањето на Исус: одат лекуваат, чуваат, ја навестуваат радосната вест и годината на милости. Прават сè за народот да го пронајде Отецот, во срцето на народот остваруваат мир – заврши папата Фрањо.
РВ/Д.И.