Одобрен работниот документ за Епископската синода за млади

Одобрен работниот документ за Епископската синода за млади

На 7 и 8 мај 2018 година во Ватикан е одржан четвртиот состанок на Редовното собрание на Генералниот секретаријат за Епископската синода, со која претседаваше папата Фрањо.

Работата започна со поздрав на генералниот секретар, кардинал Лоренцо Балдизер, при што кардиналот се заблагдоари на Папата за неговата присутност и потсети на патот започнат за XV. Редовно генерално собрание.

Генералниот секретар посебно се осврна на подготовката на ‘Instrumentum laboris’, документ изработен во соработка со група стручни лица кои собираа материјали од пет извори: од одговорите дадени во прашалниците за подготвителниот документ исполнет од овластени тела; потоа од одговорите на прашањата понудени во интернетскиот прашалник, кој беше наменет за младите; од документите произлезени од меѓународниот семинар за ситуацијата со младите, одржан во септември 2017 година; од забелешките на поединци и групи; како и од завршниот документ на претсинодалниот состанок одржан од 19-24 март оваа година. Зборувајќи токму за тој состанок, кардиналот го истакна многу активното учество на младите учесници, кои беа застапени од сите страни на светот и кои на тој начин ја пренесоа различната црковна и нецрковна средина.

После излагањето на генералниот секретар е претставен нацртот на  работниот документ (Instrumentum laboris), кој беше главна точка на овој состанок. Текстот поттикна интересна размена на мислења, сугестии и забелешки, кои се внесени во документот како на синодските оци би им овозможиле што е можно подобро средство за дискусија на синодата. Дополнетиот текст го одобрија сите учесници.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот