На 20 ноември 2021 година во Ватикан, папата Фрањо прими триесет соработнички на мисионерките на Безгрешната, по повод двојната годишнина: 70. годишнина од основањето на овој световен институт и 20. годишнина од одобрувањето од страна на Папата, при што им порача: Одете во светот со срце потопено во Бога.
Биди како квасец: мали, сокриени, но полни со вера. Колку е поголемо тестото што треба да нарасне, толку подобар треба да биде квасецот. Да се биде посветен во световен институт значи да се живее духот на Воплотувањето во времето и местото каде што Бог нè поставил. Тоа не значи засолнување во неутрален простор, туку целосно споделување, како Исус, со состојбата на обичните луѓе, секојдневниот живот на работа, дома, во односите со соседите односи, сето тоа оживувано од светлината на верата, топлината на љубовта, хоризонтот на надежта, им порача Папата.
Да ги посветиме световните активности за да можеме потоа да рекапитулираме сè во Христа, да живееме како другите и среде другите, но во такво соединување со Бога што Тој ги посветува проектите и делата; тоа е повикот на соработниците на мисионерите на Безгрешната, забележа Папата, посочувајќи им го моделот на скриениот живот на Исус, чии што вообичаени дела имале божествена вредност дури и кога тој ги извршувал во тајност. Затоа ги поттикна храбро да ја живеат секуларноста. Пророштвото на световно посветување е некомпатибилно со стравот од опасни места и ситуации. Напротив, токму овие ситуации се соодветни за такво посветување, каде луѓето страдаат од исклученост, маргинализација, каде што се ранети во своето достоинство, истакна Папата.
Споменувајќи го свети Еугенио ди Мазенода, основач на Мисионерите Облати на Безгрешната, Папата истакна дека нè поттикнува да бидеме свети во името на Бога. Затоа, папата Фрањо ги советуваше соработничките на мисионерките од Безгрешната на три однесувања за да го исполнат овој повик. Прво треба да бидат подготвени, да ја живеат сегашноста целосно, да избегнуваат аплаузи и успех, целосно да му се препуштат на Бога и поврзаноста со Него, рече тој и истакна: Молитвата го одржува животот како кислород; како што не може да се живее без дишење, така не можеме без молитва да бидеме христијани, а уште помалку посветени.
Второ, да се биде Облат значи целосно да се предадеш на Бога без резерва, како што направи Исус со умирање на крстот, покажувајќи ни дека животот е љубов која бара љубов. Тој пат не е пријатен, не е лесен, бара лично да се плати. Но е пат на мир и радост, рече Папата. На крајот, третото однесување што го препорача беше истата доверба во Бога каква што имаше Марија, имитирајќи ја во слушањето и прифаќањето на Божјата волја, така што неговото Слово ќе биде овоплотено и во нас.
Ватикан њуз/к.мк