Објавен терминот на одржување на синодата за Амазонија

Објавен терминот на одржување на синодата за Амазонија

Канцеларијата за печат при Светиот Престол објави дека посебното собрание за Епископската конференција за панамазонскиот регион под мото „Амазонија – нови патишта за Црквата и целосна екологија“ ќе се одржи од 6 до 27 октомври 2019 година во Ватикан.

Синодата ќе ги разгледа новите облици на пасторал на подрачјата со малку свештеници, зајакнување на правата на домородното население и интензивно ангажирање со еколошките прашања. Во Рим, во понеделник 25 февруари започна подготвителниот семинар за синодата. Папата Фрањо ги прими претпладнето бразилскиот кардинал Клаудио Хумес, колумбискиот бискуп Хуан Карлос Барет и уште еден претставник од Панамазонската католичка црковна мрежа (РЕПАМ).

Меѓу осумдесетте учесници на семинарот се претседателите на епископските конференции на Бразил, Перу и Колумбија, како и други бискупи, посветени лица и стручни лица за регионот.

Подготвителниот документ за синодата беше објавен на 8 јули минатата година.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот