Објавена е програмата на Папата за посетата на Унгарија и Словачка

Објавена е програмата на Папата за посетата на Унгарија и Словачка

Објавена е програмата за Апостолското патување на папата Фрањо во Унгарија и Словачка, кое ќе се одржи од 12 до 15 септември 2021 година.

Меѓу другото, Папата ќе служи света Литургија во рамките на Меѓународниот евхаристиски конгрес на 12 септември на Плоштадот на хероите во Будимпешта. Истиот ден тој ќе отпатува за Братислава. За време на неговиот престој во двете земји, предвидени се средби со државници, клерици и други групи.

Меѓу групите со кои Папата ќе се сретне во Словачка се младите, еврејската и ромската заедница, а ќе го посети и Центарот Витлеем во Братислава.

Светиот Отец, исто така, ќе предводи и златоустова божествена Литургија во Прешов, а апостолското патување во таа земја ќе го заврши со света Литургија во словачкото национално светилиште во Шаштин, на празникот Тажна Богородица, 15 септември.

Покрај програмата, објавено е логото и мотото на посетата на Папата на Словачка. Мотото, е вдахновено од Тажна Богородица, која Словаците посебно ја почитуваат, како татковското срце на свети Јосиф, гласи: „Со Марија и Јосиф на пат кон Исус“.  Светото семејство нè поттикнува да продолжиме да одиме по патот до Исус, се вели во официјалното објаснување на логото, кое пак ги отсликува мотивите на мотото: срце, пат и крст со боите на словачкото и ватиканското знаме.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот