Обредот, со почеток во 20.00 часот, ќе го предводи кардиналот Фарел, Камерленго на Светата Римска Црква, во базиликата Свети Петар. Во сабота на 26 април, по задушната света Литургија, ќе се изврши погребот во базиликата Света Марија Велика.
Обредот за затворање на ковчегот на папата Фрањо, чие тело беше пренесено од Домот Света Марта во базиликата Свети Петар и изложено за да можат верниците да му оддадат последна почит, ќе се одржи во петок, 25 април, во 20.00 часот, во ватиканската базилика. Обредот – како што е предвидено во литургиската книга Ordo Exsequiarum Romani Pontificis (66-81) – ќе го предводи кардиналот Кевин Џозеф Фарел, Камерленго на Светата Римска Црква.
Како што е соопштено од Канцеларијата за Папски литургиски прослави на обредот ќе присуствуваат, кардиналите Џовани Батиста Ре, декан на Кардиналскиот колегиум, Роџер Мајкл Махони, кардинал презвитер, Доминик Мамберти, кардинал протоѓакон и Мауро Гамбети, протоереј на папската базилика Свети Петар.
Присутни ќе бидат и кардиналите Пјетро Паролин, Балдасаре Реина, генерален викар за Римската епархија, Конрад Крајевски, папски милостинер; потоа, монсињор Едгар Пења Пара, заменик за општи работи на Државниот секретаријат, монсињор Илсон де Хесус Монтанари, заменик-камерленго на Светата Римска Црква, монсињор Леонардо Сапиенца, регент на Папскиот дом и други лица кои се одредени од управителот на Папските литургиски славења, монсињор Диего Равели.
Во сабота, на 26 април, по задушната Света Литургија, ковчегот на Папата ќе биде пренесен за погреб во Папската базилика Света Марија Велика. Со обредот, како што е предвидено во Ordo Exsequiarum Romani Pontificis, ќе го предводи Камерленго кардинал Фарел.
Ватикан њуз/к.мк