По повод прославата на 50. годишнината од основањето на Советот на епископски конференции (CCEE) изработено е ново лого на Советот.
Новото лого на CCEE е изработено по повод прославата на 50. годишнината од основањето на Севетот, едноставно е и елегантно.
Користени се истите бои како и во претходното лого: темно црвена за називот CCEE и златно жолта за датумот и симболот, за да се истакне јубилејниот настан.
Во центарот покрај симболот на CCEE се додадени годината на основањето 1971 и тековната 2021 година, заедно со бројот 50 кој ја означува токму 50. годишнината.
Полниот назив испишан околу логото потсетува на природата и целта на Советот: тоа е тело на заедништво помеѓу епископските конференции на Европа, посебно во вршењето на колегијалноста во хиерархиското заедништво и во постигнувањето на поголема комуникација и соработка меѓу епископите.
Ватикан њуз/к.мк