Никарагва. Кардинал Бренес Солорцано: Режимот ја прогонува Црквата

Никарагва. Кардинал Бренес Солорцано: Режимот ја прогонува Црквата

Општествено-политичката ситуација во таа земја се влошува, а протестите против претседателот Ортега не престануваат.

Режимот на претседателот Даниел Ортега ја прогонува Католичката Црква во Никарагва – истакна кардинал Леополдо Бренес Солорцано, претседател на Епископската конференција на Никарагва и на Комисијата за национален дијалог, на 22 јули 2018 година, кога цела Латинска Америка се молеше за мир во Никарагва која од април се наоѓа во голема криза, заради која во нередите загинаа повеќе од 360 луѓе.

Црквата денес се прогонува во разни делови во светот – рече кардиналот Бренес Солорцано – така ниту ние не сме исклучок. Имено забележани се најмалку седум случаи на осквернување и повеќе напади на епископи, откако епископската конференција побара од претседателот Ортега да закаже предвремени избори односно тие да се одржат во март 2019 година, наместо во 2021 година за да се прекине општествената и политичката криза. (…)

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот