Не пцујте! Молете се

Не пцујте! Молете се

Збор. Обично велиме: што е, всушност, зборот? Зборовите се само факти. Зборовите се ништо. Но доколку некој сериозно се задлабочи во размислување за силата на зборовите, ќе дојде до заклучок: еден погрешен збор може некому да му го уништи животот, еден добар збор може некому да му го промени животот на подобро и тоа во оној момент кога мислел дека апсолутно никој не може да му помогне.

Поради тоа треба да ни биде јасно колку за човештвото е важно, да не се зборува само за парите, војната, моќта и користа; туку дека мора да се зборува и за Бога.

Зборот Божји – ни треба како лебот наш насушен. Ни требаат луѓе кои ќе зборуваат за тоа Слово, токму поради тоа што Божјото Слово ни стана непознато. За тоа би требало да размислуваме и тогаш кога ја слушаме проповедта, која е премногу долга, нејасна…. па поради тоа се лутиме, пцуеме…

Денес е тешко да се навестува Словото Божјо во ваков свет, кој е презаситен со секаков вид на сензации. Службата на Словото ни стана тешка. Понекогаш на денешниот свештеникот му се чини дека му се случува токму како и на пророкот Јеремија, кој се лутел поради премногу тешката животна задача. На денешниот свештеник често му се чини дека Словото кое тој го проповеда, е упатено само кон посебни луѓе. Но тој сепак мора да го носи товарот на зборовите. За тоа исто така би требало да размислуваме кога и да воздивнеме под товарот на недостатокот на навестувањето. Наместо да пцуеме, најпрво би требало да се молиме едни за други: Бог да ни го даде дарот на вистински слушатели на оние кои слушаат, а на оние кои проповедаат да ни даде милост на вистински навестители; Бог во секое свое Слово не поддржува, секој негов збор да ни стане леб на вистината, за што тежнее нашата душа, па дури и тогаш кога сето тоа не би успеале да го разбереме до крај…

Папа Бенедикт XVI

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност, Колумни

За авторот