Ви го пренесуваме размислување за Дванаесета недела по Педесетница според Евангелието од Матеј 9,16-26 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.
Од светото Евангелие од Матеј
И ете, еден човек, кога пристапи до Него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?” А Он му одговори: „Зошто Ме наречуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите.” Тој Му рече: „Кои?” А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно; почитувај ги татка си и мајка си; сакај ги ближните свои како себеси!” Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил од младини; што ми е уште потребно?” Исус му кажа: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!” Штом ги чу младиот човек тие зборови, си отиде нажален, оти имаше голем имот. А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно; и уште ви велам: полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.” Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?” А Исус, кога погледна на нив, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сè е можно.”