Ви го пренесуваме размислувањето за Дваесет и седма недела по Педесетница според Евангелието од Лука 13,10-17 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.
Од светото Евангелие според Лука (13,10-17)
Во една од синагогите поучуваше Он во сабота. И ете, дојде една жена која беше опседната од дух на немоќта осумнаесет години; таа беше згрбавена и никако не можеше да се исправи; штом ја виде Исус, ја повика и ѝ рече: »Жено, се ослободуваш од болеста своја.« И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога.
А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: »Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден!«
Но Господ му одговори и рече: »Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден?«
И кога го зборуваше ова, сите што беа против Него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него.

