Недела на Божјото Слово: Да ја читаме Библијата за да ја оживееме верата

Недела на Божјото Слово: Да ја читаме Библијата за да ја оживееме верата

Надбискупот Рино Физикела претседател на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација, ја претстави иницијативата по повод Неделата на Словото Божјо, која ќе се слави на 26 јануари. По светата Литургија во базиликата Свети Петар, папата Фрањо ќе ја даде Библијата во рацете на претставниците од голем број општествени подрачја.

Надбискупот Рино Физикела претседател на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација минатите денови во Канцеларијата за печат на Светиот Престол ја претстави програмата за прославата на Неделата на Словото Божјо, која ќе се одбележи на 26 јануари. По светата Литургија во базликата Свети Петар папата Фрањо ќе подели околу 40 Библии на луѓе од различни сегменти на општеството. Иницијативата е насочена на вреднувањето на познавањето на Словото меѓу сите христијани и претставува понатамошен чекор во екуменскиот дијалог.

Неделата на Словото Божјо ја воспостави папата Фрањо

На почетокот на конференцијата надбискупот Физикела потсети дека папата Фрањо таа иницијатива ја доверува на целата Црква за христијанската заедница да се фокусира на големата вредност која Словото Божјо ја има во неговото секојдневие. Имено, Светиот Отец на 30 септември минатата година објави апостолско писмо „Aperuit illis“, со кое ја основа неделата посветена на Словото Божјо и по повод 1600 години од смртта на свети Јероним, големиот познавач на Светото писмо и преведувач на изворните библиски текстови на латински.

Иницијатива во склоп на новата евангелизација

Надбискупот Физикела исто така напомена дека Неделата на Словото Божјо е пасторална иницијатива во склоп на новата евангелизација, чија цел е да ја оживее одговорноста на верниците кон познавањето на Светото Писмо, како и кон неговото навестување и разбирање. Освен тоа, ја истакна и големата екуменска вредност на таа иницијатива која се одбележува ден по завршувањето на Молитвената осмина за единство на христијаните и недолго откако во Италија е обележан денот посветен на дијалогот помеѓу Евреите и католиците. Тоа очигледно не е временско поклопување – објасни надбискупот, туку избор со кој се сака да се означи следниот чекор во екуменскиот дијалог, ставајќи го Словото Божјо во самиот центар на одговорностите на кои христијаните се повикани секојдневно да ги преземаат на себе.

Лого на иницијативата

Во текот на конференцијата за печатот, е претставено логото на иницијативата кое ја претставува добро познатата библиска сцена: одењето на учениците кон Емаус (Лк 24, 13-35), на кои во одреден момент им се приближува Воскреснатиот Исус. Таа сцена нагласува повеќе аспекти кои се поклопуваат со Неделата на Словото Божјо. Заедно со Христос Кој во рацете држи свиток на Книга односно Светото Писмо во кое во Него наоѓа исполнување, се прикажани двајцата ученика: Клеопа како што изрично го напишал свети Лука и според некои егзегети неговата сопруга. Двете лица на учениците се свртени кон Господ за да потврдат дека Он е исполнувањето на старите ветувања и живот Слово кое мора да се објави на светот.

Програма за прославата

Најпосле, надбискупот Физикела ја претстави програмата за недела, 26 јануари. Папата Фрањо ќе го предводи евхаристиското славење во базиликата Свети петар во 10 часот. На папскиот олтар за таа прилика ќе биде поставена статуата на Пресвета Богородица од Кнок заштитничка на Ирска , која од тоа светилиште ќе пристигне во придружба на голем брј верници, на чело со надбискупот на Туам, монс. Мајкл Нуареј. Хорот од ирското богородично светилиште ќе се изменува во анимацијата на славењето со хорот на Сикстинската капела.

Библијата за дар

На крајот од Евхаристиското славење, папата Фрањо ќе направи симболичен гест: околу 40 луѓе кои претставуваат различни сегменти од општеството ќе примат Библија од рацете на Светиот Оец. По излегувањето од базиликата сите кои ќе учествуваат на Литургиското славење ќе добијат подарок посебно издание на Светото Писмо објавено за таа прилика. Таа недела сите христијани сака да ги поттикне да не ја сметаат Библијата само една од големиот број книги на полицата во својот дом, можеби и покриена со прашина, туку оружје кое може да ја разбуди нашата вера – заврши надбискупот Физикела.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот