На празникот Свети Атанасиј Велики епископот Стојанов служеше света Литургија во Петралници

На празникот Свети Атанасиј Велики епископот Стојанов служеше света Литургија во Петралници

На празникот свети Атанасиј Велики, 31 јануари 2023 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во парохиската црква „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци, а со него сослужуваа сослужуваа парохот о. Ѓорѓи Појразов и о. Ванчо Назов, парох во Сарај и Чанаклија.

На почетокот од Светата Литургија епископот Стојанов го благослови ‘синодалниот крст’ во црковниот двор, изработен од верниците со поддршка на парохот.

Во својата проповед епископот Стојанов зборуваше за денешниот светител Атанасиј Велики при што охрабрувајќи ги присутните верници рече: Драги браќа и сестри Од денешниот светител свети Атанасиј кој беше неколку пати прогонуван има што да научиме: верност кон Бога и Црквата и во најтешките часови од животот, да бидеме непоколебливи во верата на своите предци, не само по прогонство, туку и по цена на животот и по толку столетија како што слушнавме во светото Евангелие остана светилка на гората која што свети. Тој човек остана жив меѓу нас и денес на него се сеќаваме и го празнуваме светиот Атанасиј Велики. Зошто? Затоа што тој се борел за доброто на Христовата црква останал верен на Христа останал верен во својата вера. Драги браќа и сестри нека ни биде пример и ние да останеме верни на Хростовата Врква, верни на верата на верата на нашите предци кои што нам ни ја оставија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот