На многаја лета именденот владико!

На многаја лета именденот владико!

На 24 мај, кога Црквата ги чествува Светите браќа Кирил и Методиј, апостоли на словенските народи, воедно е и именден на нашиот владика Н.В.П. монсињор Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.

На епископот Стојанов му го честитаме именденот, молејќи од Господ Бог да му дарува многолествие со силна вера, изобилна љубов и цврста надеж, како и добро здравје за да може да се грижи за доверениот Божји народ. По молитвите на Свети Кирил, Господ нека му дарува милости за навестување на Евангелието Христово, а Свети Методиј нека се застапува за неговата епископска служба.

На многаја и  благаја лета Владико!

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот