Папата Фрањо по втор пат ќе служи на гробиштата Лаврентино во јужната периферија на Рим.
По шест години, Папата повторно ќе служи света Литургија на гробиштата Лаврентино во Рим. Во сабота, 2 ноември 2024 година, на задушница, Светиот Отец ќе служи Света Литургија на гробиштата на јужната периферија на градот, кои се протегаат на 21 хектар и се трети по големина во Италијанската престолнина.
Папата веќе служеше Евхаристија на овие гробишта на 2 ноември 2018 година. Тогаш, пред светата Литургија папата Фрањо се задржа во молитва во „Градината на ангелите“ – дел од гробиштата каде се погребуваат деца, меѓу кои и неродените.
Ватикан њуз/к.мк