По повод празникот Сите Светии и задушница, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во петок 1 ноември 2024 година на градските гробиште Бутел во Скопје, служеше света Литургија. Со него сослужуваа катедралниот парох отец Винко Маслаќ, канцеларот и економ отец Марјан Ристов и катедралниот капелан отец Томислав Рукавина. На светата Литургија присутвуваа монашките заедници присутни во Скопје и голем број верници, оддавајќи молитвена почит кон своите починати.
Бискупот Стојанов во својата проповед потсети за важноста на молитвата за покојните, посебно на задушница, истакнувајќи ја целта на христијанскиот живот, Царството небесно.
На крајот од евхаристиското славење, кое се служеше на отворено, бискупот Стојанов ја измоли молитвата за сите покојни, посебно за оние кои почиваат на гробиштата.
к.мк