На Богојавление епископот Стојанов служеше света Литургија во Струмица во заедништво со Апостолскиот нунциј Пекорари

На празникот Богојавление, 19 јануари 2018 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, во заедништво со Апостолскиот нунциј во Република Македонија, Н.В.П. монс. Анселмо Гвидо Пекорари и свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија, служеше света Литургија во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица.
Во својата проповед монс. Стојанов се осврна за значењето на празникот Богојавление, а акцентот на проповедта ја стави на светата Тајна Крштение, при што потенцира што Црквата научува во однос на светото Крштение, а истовремено предложи конкретни совети за подобро разбирање на оваа света Тајна.
При крајот од светата Литургија епископот Стојанов и Апостолскиот нунциј монс. Пекорари извршија Богојавленски водосвет, а потоа верниците беа благословени со осветената вода.
На крајот од Светата Литургија верниците си понесоа од осветената вода во своите домови.
к.мк
Фото: Горан Филипов