Со благослов на епископот Стојанов, а во рамки на Јубилејната година, во недела 16 март 2025 година со почеток во 19.00 часот во салата на парохијата „Свети Иван Крстител“ во Струмица ќе се одржи Трибина за Јубилејната година.
На Трибината ќе зборуваат протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов и протојереј отец Гоце Костов за историскиот контекст на Јубилејната година, што е Јубилејна година во Католичката црква, кои се благодатите од неа, што е потполн опрост и како да се добие.
Трибината е во организација на Деканатот Свети Кирил и Методиј, Радио Марија и парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител – Струмица.
Присутните ќе имаат можност да се вклучат во дискусијата со свои прашања.
Категорија:
Uncategorized