Најава: Промоција на „Мал едукативен буквар“

Најава: Промоција на „Мал едукативен буквар“

Во недела 20 јули 2025 година со почеток во 19.00 часот, во просториите на Едукативниот центар на Македонски Каритас во Сарај, ќе се одржи промоција на „Мал едукативен буквар“ во издание на Едукативниот тим на Македонски Каритас, кој работи во Сарај.

Покрај промоцијата на букварот, ќе бидат претставени и две нови публикации од отец д-р Зоран И. Стојанов: книгата „Ги утешија браќата“, и брошурата „Света Исповед – Светата Тајна Покајание“.

Предвидено е за време на овој настан свое обраќање да има и Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх.

Промотори на „Мал едукативен буквар“ ќе бидат сестра Ана Тантушева, Грозданка Спасова и м-р Наталија Стојанова. Книгата „Ги утешија браќата“ ќе ја промовира отец м-р Ванчо Назов, а брошурата „Света Исповед – Светата Тајна Покајание“ отец Гоце Костов.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот