Најава: Крстен пат во Паљурци на празникот Воздвижение на Чесниот Крст

Најава: Крстен пат во Паљурци на празникот Воздвижение на Чесниот Крст

Со благослов на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх, во сабота, 27 септември 2025 година, на празникот Воздвижение на Чесниот Крст, во Паљурци ќе се одржи првото официјално молење на Крстниот пат по поставувањето на постојките на отворено. Молитвата ќе ја предводи епископот Киро Стојанов, заедно со протоереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов и протоереј ставрофор Тома Ангелов и свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија.

Предвидено е да присуствуваат свештеници, монахињи, членови на црковни движења и верници од повеќе парохии.

Според распоредот, во 11:00 часот владиката Стојанов ќе служи света Литургија во црквата „Мајка Божја Утешителка“. По завршувањето на Литургијата ќе започне Крстниот пат.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот