Во дворот на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица во сабота 25 јуни 2022 година со почеток во 20.15 часот ќе се одржи настанот „Вечер со Богородица и семејствата“. Светата Бројаница ќе ја предводи Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, Н.В.П. Киро Стојанов, по накана на семејствата.
Програма
- Видео за семејствата
- Света Бројаница, која ќе ја предводи Н.В.П. монс. Киро Стојанов
- Литанија до Пресвета Богородица
- Размислување
- Видео за семејствата
- Заедништво во дворот пред Радио Марија
Настанот е во организација на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица и Радио Марија, а е во рамки на 10. Светската средба на семејствата.
Ватикан њуз/к.мк