На празникот Духовден, 16 јуни 2019 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ќе го благослови студиото на Радио Марија во Струмица.
Свеченоста ќе започне со света Литургија во 10.30 часот, а веднаш потоа епископoт Стојанов ќе го благослови студиото.
Радио Марија срдечно ги поканува своите слушатели, волонтери, донатори и сите луѓе со добра волја да ја збогатат свеченоста со своето присуство.
Радио Марија се наоѓа во Струмица на улица Климент Охридски 236, на транзитниот пат, кај Католичката црква „Раѓање на свети Иван Крстител“. За повеќе информации можете да се обратие директно во редакцијата на Радио Марија на телефонскиот број 076 519 272
к.мк
Таг: Благослов на студиото на Радио Марија во Струмица