Напредува процесот за беатификација на папата Иван Павле I

Напредува процесот за беатификација на папата Иван Павле I

Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин на промоцијата на книгите за Иван Павле II и за Бенедикт XVI во Падова, потврди дека процесот за прогласување за блажен на папата Иван Павле I напредува добро.

Главната точка е чудото, а кардиналот верува дека веќе постои едно. Но, во случајот на Иван Павле I најпрво е потребен декрет за херојските крепости, а тоа е предуслов за беатификација.

Заменик постулаторот на постапката, италијанската новинарката Стефанија Фаласка, неодамна изјави дека потребниот декрет наскоро ќе биде објавен. За некоја личност да се прогласи за блажена или света потребен е уште еден предуслов, а тоа е признавањето на чуда по застапништво на тие личности. Додаваме на крајот дека Иван Павле II за папа е избран во август 1978 година, а неговиот понтификат траеше само 33 дена.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот