Врхбосанскиот надбискуп, кардинал Винко Пуљиќ е позитивен на коронавирус, соопшти Надбискупијата Врхбосна во вторникот 1 декември 2020 година.
Кардиналот Пуљиќ чувствува благи симптоми и со препорака од лекар е во домашна изолација.
Надбискупскиот ординаријат ги повикува верниците на молитва за здравјето на кардинал Пуљиќ и апелира до сите да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат сите епидемиолошки мерки донесени од надлежните институции – стои во соопштението потпишано од канцелартр на Врхбосанската надбискупија, о. Младен Калфиќ.
Ватикан њуз/к.мк