Надбискупот од Букурешт Аурел Перка упати сочувство преку епископот Стојанов за трагичниот настан во Кочани кој донесе страдање и жалост во заедницата
Надбискупот Аурел Перка во име на свештенството и верниците од надбискупијата во Букурешт од Добриот Господ моли да ги пречека во своето царство душите на загинатите во оваа трагедија и да им даде вечен мир. Тој уверува во молитвената близина со македонскиот народ и особено со оние кои страдаат, барајќи од Господа да излее утеха и мир за сите погодени од ова искушение.
Надбискупот Перка упатува молитви до Света Мајка Тереза да се застапува за исцелување на ранетите и за утеха на оние кои тагуваат за загубата на најблиските, посебно мислејќи на семејствата, а исто така моли и за медицинскиот персонал кој се грижи за нив – стои во сочувството на надбискупот Перка упатени до бискупот Стојанов.
к.мк