Надбискупот Качија: Потребно е обновено ангажирање што се однесува до сиромаштвото, животната средина и тероризмот
Во три излагања на 75. заседавање на Генералното собрание на ООН постојаниот набљудувач на Светиот Престол ја истакна важноста за целосен пристап за да се искорени сиромаштвото, да се сочува сето создание и да се прекине меѓународниот тероризам
Искоренување на сиромаштвото, борба со климатските промени и сузбивање на меѓународниот тероризам беа темите за кои надбискупот Габриеле Џордано Качија постојан набљудувач на Светиот Престол при ООН зборуваше во три одвоени излагања одржани на 12 и 13 октомври во Њујорк во рамките на 75 заседавање на Генералното собрание на Обединетите нации. Проблемот на сиромаштвото – рече надбискупот, и понатаму е еден од најголемите глобални предизвици на нашето време и тоа толку што бројот на сиромашните постојано е неприфатливо висок.
Освен тоа општествено-економските последици од пандемијата од болеста Ковид-19 уште ја отежнуваат состојбата, со опасноста дека до крајот на годината 100 милиони луѓе ќе завршат во крајно сиромаштво, доведувајќи така прв пат после повеќе децении до пораст на стапката на сиромаштво на општо ниво. И не само тоа – истакнува надбискупот Качија, загубата на работа, недостатокот на можности и несоодветна општествена заштита се фактори кои придонесуваат за сиромаштво, голема нееднаквост и исклучување.
Надбискупот затоа пред се го истакна образованието кое – како што рече, е еден од важните фактори за помош на семејствата и заедниците да излезат од сиромаштвото. За жал пандемијата негативно влијаеше и на тоа подрачје толку што драстично се зголеми бројот на децата кои го прекинаат образованието. (…)
Во второто излагање надбискупот Качија се осврна на зачувување на животната средина која – како што рече, бара единствен одговор на меѓународната заедница заснована на согласноста и заедничкото ангажирање затоа што денес се живее во меѓузависен свет кој од нас бара да размислиме за заедничкиот проект. Заради тоа меѓународната заедница треба да работи на три нивоа. На првото е намалување на емисијата на стаклените гасови кои се во пораст на општо ниво, а во таа смисла е важно да се развијат обновливи извори на енергија кои ќе бидат целосно достапни, потоа да се промовирата модели на одржливо производство и потрошувачка и да се ублажат климатските промени корестејќи го началото на разбирање. (…)
Што се однесува пак до меѓународниот тероризам, постојаниот набљудувач на Светиот Престол во третото излагање истакна дека тоа го навредува човековото достоинство и ги крши основните човекови права и дека ниту еден идеолошка, политичка, филозофски, расна, етничка или верска причина нема никогаш да може да го оправда. За спротивставување на таквите појави потребни се високи стандарди кои ја земаат во предид правната држава, основните човекови права и целосно придружување до меѓународното право. (…)
Ватикан њуз/к.мк