Надбискупот Кача: Итно е потребен прекин на огнот и хуманитарна помош за исцрпениот народ во Газа

Надбискупот Кача: Итно е потребен прекин на огнот и хуманитарна помош за исцрпениот народ во Газа

Постојаниот набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации, надбискупот Габриеле Кача, потврди дека Светиот Престол ќе продолжи финансиски да ја поддржува Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци и ја истакна клучната улога на UNRWA во хуманитарната криза во Газа.

Светиот Престол бара прекин на огнот на сите фронтови кој е во тек во Газа и Израел, итно ослободување на израелските заложници во Газа, непречена испорака на основна помош за палестинскиот народ и почитување на меѓународното хуманитарно право од сите инволвирани страни без исклучок – истакна надбискупот Габриеле Кача, постојан набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации во Њујорк, во изјавата што ја даде на Генералното собрание на 12 јули најавувајќи доброволни донации за Агенцијата на Обединетите нации за помош и вработување на палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA).

Да се зачува неутралноста на UNRWA

Надбискупот Кача истакна дека делегацијата на Светиот Престол ја потврдува својата поддршка за мандатот на споменатата агенција на Обединетите нации, особено во поглед на актуелните околности. Тој ја повтори клучната улога на Агенцијата во решавањето на основните потреби на повеќе од пет милиони палестински бегалци на Блискиот Исток, особено во контекст на актуелната катастрофална хуманитарна криза во Појасот Газа. Следствено, Светиот Престол ја потврдува својата посветеност на финансиската поддршка и ги охрабрува сите земји-членки да и помагаат на Агенцијата или да продолжат да даваат придонеси за поддршка на нејзините клучни напори. Понатаму, Светиот Престол смета дека е многу важно да се зачува и промовира неутралноста на Агенцијата за помош и вработување на Обединетите нации за палестинските бегалци на Блискиот Исток со цел да го исполни својот мандат во согласност со резолуцијата од 8 декември 1949 година.

Повторно отворете ги влезните точки во Газа

Светиот Престол, дополнително, го охрабрува повторното отворање на сите влезни точки во Газа за да се олесни испораката на многу потребната хуманитарна помош, вклучително храна, вода и лекови, до населението во Газа што страда. Истовремено, важно е – посочи надбискупот Кача – уредно да се дистрибуира храната и потребите работи, со посебно внимание на децата и сиромашните.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот