Надбискупот Игнацио Сана (77) е новиот претседател на Папската теолошка академија, објавено е на 3 јуни 2019 година во Ватикан. Папата го именува надбискупот од Ористан за наследник на канаѓанецот Реал Тремблеј, професотр по морална теологија и „Рацингеров студент“, редемпторист, на кој што му заврши петгодишниот мандат во таа служба.
Папската теолошка академија е основана во 1718 година од страна на папата Клемент XI. (1700-1721) и на почетокот била надлежна за теолошка формација на црковните соработници, но се тек на време ја презема задачата за истражување и продлабочување на важни теолошки теми.
Монсињор Сана е роден на 20 февруари 1942 година во Орун, Сардинија, за свештеник е ракоположен во1967 година, а во 2006 година е именуван за надбискуп на Ористан.
Ватикан њуз/к.мк