Надбискупот Зимовски: За сузбивање на турберколозата е потребна глобална стратегија
Должност ни е да направиме сѐ за правото на здравје да биде достапно на сите граѓани – истакна надбискупот Зигмунт Зимовски на конференцијата за спречување на туберкулоза, која се одржа во Рим. Преседателот на Папскиот совет за душогрижништбо за здраство истакна дека во периодот од 1995 година до 2012 година спасени се 22 милиони луѓе заболени од туберкулоза, но – предупреди – со тие податоци не треба да се задоволиме. Само во 2012 година било проценето дека од туберкулоза боледуваат 8,6 милиони луѓе, а 1,3 милони умреле– потсети надбискупот.
Туберкулозата е болест која најмногу ги погодува сиромашните и најчувствителните луѓе како жените, децата и оние кои живеат со сида. Поради тоа во борбата против таа – како што ја нарече надбискупот – „болест убиец“, потребна е глобална стратегија. Здравствените институции засновани на вера кои често работат во заедници со мали приходи и до кои е тешко да се дојде, ќе бидат важни партнери во настојувањата лекувањето на туберколозата да биде достапно на сите на кои им е потребно – истакна надбискупот Зимовски.
РВ/Д.И.