Надбискупот ќе го посети Либан од 31 јануари до 4 февруари, а предвидени се средби со политичките и верските власти. Седумдесет и пет години по воспоставувањето на дипломатските односи со Светиот Престол, оваа блискоисточна земја се наоѓа во сериозна социјална, политичка и економска криза.
Покрај актуелната сериозна општествена, економска и политичка криза во Либан, многу годишнини кои го поврзуваат Либан со Светиот Престол ќе бидат причина за посетата на надбискупот Пол Ричард Галагер, на главниот град на Либан, која ќе се одржи од 31 јануари до 4 февруари. Ова патување има за цел да ја покаже грижата и близината на папата Фрањо со луѓето и црквата во Либан во ова време на големи тешкотии.
Оваа година се навршуваат 75 години од дипломатските односи меѓу Светиот Претстол и Либан и 25 години од посетата на свети Иван Павле II. на таа земја, по повод потпишувањето, , на Апостолскиот поттик „Нова надеж за Либан“, од 10 мај 1997 година, кој е резултат на Синодата одржана во Рим во 1995 година. Покрај тоа, пред десет години, во 2012 година, земјата ја посети папата Бенедикт XVI. По тој повод, во Бејрут е потпишан Апостолскиот поттик „Ecclesia in Medio Oriente“, кој следуваше по Епископската синода за Блискиот Исток, одржана во 2010 година.
За време на престојот во Бејрут, надбискупот Галагер ќе се сретне со државните власти, католичките и православните патријарси и бискупи, муслимански и општествени верски водачи и претставници од светот на културата и политиката. Покрај тоа, тој ќе посети некои значајни места и заедници и ќе учествува на отворањето на симпозиумот за Иван Павле II. и Либан, во организација на Универзитетот „Свети Дух“ во Каслик.
Ватикан њуз/к.мк