Цел на неговото патување е да покаже близина со населението погодено од конфликтот
Посета на места разурнати од војна за да ја покажете близината на папата Фрањо и Светиот Престол, тоа е целта и мисијата за патувањето на надбискупот Глагаер во Украина.
Во твитер порака на профилот на Државниот секретаријат @Terza Loggia, е објавено патувањето на надбискуипот Галагер во Украина, по повод 30годишнината од дипломатските односи со таа источноевропска земја. Со ова посета, се вели во твитер пораката, се потврдува важноста на дијалогот за враќање на мирот.
Надбискупот ќе ги посети Лавов и Киев. За време на неговиот престој во Лавов се планирани неколку настани. Тој во среда на 18 мај, ќе се сретне со источно католичкиот архиепископ од Лавов, монс. Игор Возниак и ќе го посети прифатниот центар за бегалци. Во четврток, на 19 мај, ќе се сретне со претседателот на регионот Лавов Максим Козицкиј, а потоа ќе се сретне со неговото блаженство Свјатослав Шевчук, големиот архиепископ на Источно католичка црква во Украина и со претседателот на Полската бискупска конференција, надбискупот Станислав Гадецки.
Надбискупот Галагер го најави своето патување во телевизиско интервју од минатата недела како дел од италијанската радио и телевизиска програма „Tg2 post“. Во текот на 20-минутниот разговор тој се осврна на повеќе теми, од војната во Украина до оружјето и меѓународните и екуменските последици од конфликтот. Тој, исто така, објасни дека патувањето веќе било договорено пред Велигден, но подоцна било одложено поради здравствени причини. Секретарот за односи со државите постојано нагласува дека Светиот Престол го поддржува секој обид за дијалог со кој ќе се поттикне договор и изнаоѓање на решенија. Зборовите имаат голема тежина во дипломатските активности, особено ако од нив зависат животите на луѓето – посочи тој и додаде: Треба да се избегне опасноста од инструментализација и повторно да се воспостави отвореност и искреност.
Ватикан њуз/к.мк