Врхбосанскиот надбискупот, митрополит монсињор Томо Вукшиќ упати сочувство до епископот Стојанов по повод трагедијата што се случи во Кочани.
Врхбосанскиот надбискупот, митрополит монсињор Томо Вукшиќ на 18 март 2025 година упати сочувство до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор Киро Стојанов по повод трагедијата што се случи во Кочани. Го пренесуваме во целост неговото писмо со сочувство.
Почитуван и драг бискупе Киро!
По повод страшната трагедија во Кочани, во која животот го загубија голем број луѓе, а многумина беа тешко повредени, од кои некои сé уште се во животна опасност, од името на бискупите, свештениците, монасите, монахињите и сите останати Христови верници од сите бискупии на нашата митрополија, преку Вас изразувам најискрено сочувство до членовите на семејствата, пријателите и познаниците и ја ветувам мојата молитва за сите настрадани и ожалостени.
Сите покојни ангелите нека ги поведат во рајот и при нивното пристигнување нека ги примат светците и мачениците!
Господ нека ги утеши сите ужалени во нивната болка и нека ја избрише секоја солза од нивните очи со вера и надеж во воскресението и вечниот живот (Откровение 21.4). А нашата братска солидарност, човечката близина и верничката молитва нека бидат начини за покажување на Божјата љубов.
Со посебна почит, братски и во молитва.
Томо Вукшиќ, надбискуп и миторполит
к.мк