Во четврток 13 јуни 2024 година во Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица беа изложени моштите на Свети Антониј Падовански, кои претходно Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор Киро Стојанов ги предаде во поседување на катедралната парохија во Струмица.
За време на светата Литургија, која ја служеше катедралниот парох протојереј ставрофор отец Спасо Ристов, а во сослужение на протојереј ставрофор отец Георги Трајков и капеланот отец Трајче Ташев, моштите беа изложени за почитување и во текот на целиот ден верниците имаа можноста да се поклонат, да ги целиваат и да упатат молитви за застапништво на Свети Антониј Падовански.
Моштите на Свети Антониј Падовански се дар од Италијанската провинција на малите браќа конвентуалци (OFMConv), кои епископот Стојанов ги предаде на Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица
Свети Антониј Падовански е роден на 15 август 1195 година во Лисабон, главниот град на Португалија. Неговото крстено име е Фернандо Мартинс де Булоес (Fernando Martins de Bulhões). Кога се замонашил, влегувајќи во монашката заедница на Свети Фрањо Асишки, го добива името Антониј, а со оглед на тоа што починал во италијанскиот град Падова се нарекува Падовански. Заштитник е на децата, бремените жени, бракот, изгубените работи, бездетните и на многу други кои имаат потреба од Бога. Неговиот спомен ден е на 13 јули.
к.мк