На 14 јуни 2023 година во Струга се одржа Струшката конференција за економска и еколошка димензија на ОБСЕ во 2023 со фокус за промовирање на безбедноста и стабилноста во областа на ОБСЕ преку одржлив развој и издржлив и инклузивен економски раст.
На конференцијата како претставник на Светиот Престол учествуваше и монсињор Џорџо Кеца, советник во Апостолската нунцијатура за Македонија, кој имаше обраќање.
Конференцијата овозможи на претставниците на 57 земји членки на ОБСЕ, приватниот сектор, академската заедница, граѓанското општество и меѓународните организации да се вклучат во дискусии за економската и еколошката безбедност во регионот на ОБСЕ и во контекст на воената агресија на Русија во Украина.
Ватикан њуз/к.мк